Истанбул е прв на листата во светот според сообраќајниот
метеж, а потоа следуваат Лондон, Париз и Даблин, објави американската компанија
за транспортна аналитика Инрикс.
Според овие податоци, возачите во Истанбул минатата година
поминале во просек 105 часа во сообраќаен метеж.
Компанијата не го смета Истанбул за европски град па затоа
во Европа на врвот е Лондон со 101 час метеж, а тој е специфичен што метежот постојано
се зголемува во последниве години - возачите биле заглавени во сообраќајот во
просек по 97 часа во 2022 година и 99 часа во 2023 година.
А40 Вествеј во Лондон е најзатрупаниот пат во Велика
Британија, а најголемите застои на тој пат се од 17 до 18 часот, велат од
американската компанија.
Минатата година возачите заглавени во сообраќајниот метеж во
Париз биле во просек 97 часа, а во Даблин 81 час.<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US"></span>
Бристол и Лидс се на второто и третото место по
сообраќајниот метеж во Велика Британија.
Од компанијата не ја третираат Македонија, па така не знаеме
каде би се нашол Скопје на оваа ранг листа.