Околу две третини од ученици од четврта година средно оваа година изјавија дека не користеле алкохол, марихуана, цигари или електронски цигари во изминатите 30 дена. Тоа е најголемата регистрирана апстиненција од овие супстанции откако започна годишното мерење на навиките на американските тинејџери кога се во прашање алкохолот, дрогата и цигарите, јави ВОА.
Гимназијалци од втора година, 80 отсто рекле дека не користеле ниту една од тие супстанци во последно време, кај осмоодделенците 90 отсто не користеле ниту една од нив, а единствениот значаен пораст е употребата на никотински кесички.
Американската влада финансира студија наречена „Набљудување на иднината“ од 1975 година. Овогодинешните наоди се засноваат на одговорите на околу 24.000 ученици од 8-мо одделение од основно училиште, како и од втора и четврта година средно.
Студијата е „еден од најдобрите, ако не и најдобриот“ извор на национални податоци за употребата на дрога и алкохол кај тинејџерите, вели Ноа Крески, истражувач на Универзитетот Колумбија кои ја проучуваат употребата на дрога кај адолесцентите.