Во денешното модерно време често сме сведоци на разни перформанси, најчесто во поголемите трговски центри, но она што и се случило на една девојка од Јужна Африка за време на нејзиниот јавен настап за малку ќе ја чинело глава.
Имено, гореспоменатата девојка била задолжена да ги анимира посетителите на трговскиот центар со пливање во огромен, длабок аквариум полн со вода, реплика на морски растенија и карпи во костим на сирена. Меѓутоа, во еден момент перките од костимот се заглавиле на некои од реквизитите, што го ставило во опасност животот на кутрата девојка, а поради што таа морала брзо да реагира.
Како што може да се види на видеото, откако нурнала и насмеано испратила неколку бакнежи до воодушевените посетители, девојката морала да исплива на површината и да земе воздух, но токму во тој момент опашката и се заглавила на вештачкиот гребен. Додека низ просторот одекнува вознемирениот плач на децата, родителите и другите посетители, девојката брзо го соблекла костимот и, за среќа, навреме се ослободила и успеала да исплива на површината.
Подоцна, девојката објаснила дека, без разлика колку е шокантна оваа сцена, искусните изведувачи се обучени да реагираат правилно во овие и слични ситуации. Се што се случило го снимил еден од посетителите на трговскиот центар, а видеото очекувано беше преплавено со коментари.