Најмалку 40 лица не го преживеале бродоломот, а таа не се откажала.
Повеќе од 40 мигранти загинале во бродолом во Средоземното Море во близина на италијанската Лампедуза, додека 11-годишно девојче од Сиера Леоне го преживеало потонувањето на чамецот во кое се наоѓало. Спасувачкиот тим го пронашол девојчето кое три дена пловело по водата со импровизирани елеци за спасување, благодарение на нејзините повици за помош во раните утрински часови упатени до екипажот „Тротамар III“.
Девојчето им кажало на спасувачите дека чамецот кој тргнал од Тунис потонал поради невреме, а таа била единствената што ја преживеала несреќата.
- Единаесетгодишното девојче, по потекло од Сиера Леоне, три дена лебдело на водата со два импровизирани елеци за спасување направени од цевки исполнети со воздух и обичен појас за спасување - се наведува во соопштението на групата.
-Таа била во водата околу 12 часа, без вода и храна, беше настината, добро се координираше и реагираше добро - изјавил доктор Мауро Марино, кој го прегледал девојчето. Спасувачите ја пронашле со два импровизирани елеци за спасување.
Оваа трагедија ги потврдува сомнежите на спасувачките организации дека повеќе од 40 мигранти загинале, додека останатите исчезнале во брановите. Преживеаното девојче рекло дека чамецот потонал поради лошите временски услови, додека останатите мигранти кои биле со неа на пловилото најверојатно загинале, пренесува DailyMail.
Според спасувачките групи, чамецот бил преполн и преоптоварен, а спасувачката екипа смета дека единствено девојчето успеало да го преживее овој страшен инцидент. Сепак, никому не му е јасно како се случило тоа, па не е ни чудо што медиумите ширум светот ја пренесоа веста за „чудото на Медитеранот“.
Sierra Leonean girl, 11, rescued in the Mediterranean after three days clinging to tyre tubes. She said all the other 44 migrants on board had died in the storms and high waves. pic.twitter.com/GERwzEzRas
— African News feed. (@africansinnews) December 11, 2024