Дејана Бачко, позната како Девојката со крилја, на Инстаграм сподели трогателно видео од нејзината ќерка како ја имитира. Сцената ја расплака и неа, но и многумина кои го погледнаа ова емотивно видео.
Покрај видеото, на кое се гледа нејзината ќерка како се обидува да црта со стапалата, исто како и нејзината мајка, Девојката со крилја напиша:
„Ова ме расплака“.
Таа тајно ја снимала својата ќерка како си игра и црта, а коментарите под објавата само се нижат.
„Најубавото нешто што сум го видел денес“, „Вистински пример на деца кои учат од своите родители и се угледуваат на нив“, се само дел од пораките под видеото.
Девојката со крилја често на социјалните мрежи објавува видеа од своето секојдневие, па неодамна покажа како ја китеше елката заедно со својата ќеркичка.
Дејана покажа како се одвиваат подготовките за претстојните божиќни и новогодишни празници во нивниот дом, а очигледно девојката со крилја многу уживала додека ја украсувала елката заедно со ќерката Лара која ја имала во бракот со сопругот Марко Нежиќ.
Во видеото кое Дејана го објави на својот Инстаграм-профил, малата Лара не пропушти ниту една прилика да ја прегрне и бакне мама, која прво ја состави елката, а потоа ја накити заедно со нејзината наследничка.
Инаку, Дејана е родена без горните екстремитети, но тоа не ја спречува да наполни својот животот со позитивност, а со својата упорност без проблем ги извршува секојдневните активности, па дури и вози автомобил.