Еден од најпосакуваните модели на спортски автомобили, Ferrari 458 Italia од 2015 година моментално е на аукција. Овој италијански автомобил со број на шасија ZFF75VFA5F0211945 се продава за само 36.525 долари или 33.293 евра.
Сепак, причината зошто овој автомобил се продава за толку екстремна цена е сообраќајна несреќа, и фактот дека задниот дел практично не постои.
Додека на фотографиите кои можете да ги видите во продолжение, односно на оние што се направени однапред, не се гледа причината за ваквата распродажба, со прелистување купувачите брзо можат да забележат огромни пропусти.
Што се однесува до изгледот, автомобилот има карактеристичен луксузен ентериер, или барем дел од него, но сепак, се поставува прашањето, дали некој може да се осмели да стане сопственик на ова Ферари и што може да извлече од него.
Дали би ризикувале?