Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Здравјето на кралот Чарлс се полошо: Вилијам и Кејт подготвени за тронот

16 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Здравјето на кралот на Обединетото Кралство Чарлс III предизвикува загриженост кај неговото семејство бидејќи тој шпекулира за можно наследување на тронот, а според извештаите, неговото здравје не се подобрило откако му бил дијагностициран рак на простата.

Биографката Сали Бедел Смит, која пишуваше за принцовите од Велс, изјави за „RadarOnline“ дека принцот Вилијам и принцезата Кејт се подготвуваат да преземат кралски должности.

Кејт, која исто така се лекуваше од еден вид рак, постепено се враќа на своите обврски, додека Вилијам веќе презема значителен дел од кралскиот распоред.

Иако кралот Чарлс продолжува со одлучност да ги извршува своите должности, тој мораше да ги прифати ограничувањата што ги носи третманот. Поради ова, Вилијам и Кејт ги забрзаа подготовките за нивните идни улоги на тронот. Ситуацијата дополнително се усложнува бидејќи кралицата Камила сè уште се опоравува од пневмонија, поради што го намалила и опсегот на своите должности.

Кралските палати, вклучувајќи ги Бакингемската палата и палатата Кенсингтон, не дадоа никакви официјални изјави за здравјето на кралот или за можното наследување.

Инаку, кралот Чарлс во февруари оваа година дозна дека боледува од рак, поради што почнал со хемотерапија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ