Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Само тројца на планетава патуваат без пасош

5 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Станува збор за кралот Чарлс Трети од Обединетото Кралство, Нарухито - царот на Јапонија и неговата сопруга - царицата Масако. Пред кралот Чарлс, таа привилегија ја имаше и Елизабета Втора, која Чарлс ја наследи на престолот откако најдолговечната британска кралица почина на 8 септември 2022 година.

Значи, овој исклучок важи само за кралот (или кралицата) на Обединетото Кралство, а не и за другите членови на британското кралско семејство. Дури и кралицата-сопруга Камила е обврзана да носи дипломатски пасош со себе.

Што се однесува до Јапонија, во 1971 година тамошните власти издале документ во којшто се наведува дека е крајно несоодветно да се издава пасош за царот или царицата, или пак за нив да важат правилата за патувања и виза како за обичен граѓанин. Оваа привилегија важи само за царот и царицата.

Кога ќе пристигнат во која било земја, од царот и царицата на Јапонија се бара само да покажат документ од тамошното министерство, коешто однапред ја известува земјата-домаќин за нивното пристигнување. За кралот Чарлс, оваа должност му е доделена на неговиот личен секретар, во случајов - сер Клајв Алдертон. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ