За да избегнете висок крвен притисок, треба да јадете храна
со малку сол, а нутриционистите предупредуваат дека оваа болест се бори со
помош на три моќни минерали: калциум, магнезиум и калиум.
Овие седум намирници се богати токму со овие хранливи
материи.
<b>Грав</b>
Гравот содржи голема количина на калциум, магнезиум и
калиум, кои благотворно делуваат на крвниот притисок. Гравот можете да го
јадете во супа, како ужина, како додаток во салата или да го подготвите како
пире.
<b>Јогурт</b>
Овој млечен производ е одличен извор на калциум и други
минерали кои позитивно влијаат на здравјето на луѓето. Започнете го денот со
јогурт, но искористете го и за подготовка на нискокалорични преливи за салати и
јадења со месо.
<b>Киви</b>
Покрај тоа што е богато со витамин Ц, кивито ќе помогне и во
намалување на крвниот притисок. Најдобро е да се јаде свежо киви во овошни
салати.
<b>Праски</b>
Праските за многумина се омилено летно освежување. Исто
така, добро е да се знае дека содржат многу хранливи витамини и минерали,
корисни за здравјето на луѓето. Најдобро би било да ги јадете свежи или да направите
смути од нив.
<b>Банани</b>
Со една банана со средна големина ќе задоволите 12 проценти
од дневните потреби за калиум. Ова егзотично овошје е и одличен сојузник во
борбата против стресот. Кога бананата ќе стане темна и презрела, не мора да ја
фрлате. Замрзнете го и добивате леден десерт.
<b>Кељ и брокула</b>
Овој лиснат зеленчук се нарекува суперхрана бидејќи има
многу вредни антиоксиданси и во исто време многу малку калории. Младиот кељ
најдобро се јаде како салата или на пареа.<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:
EN-US"></span>
Исто така, сто грама сварена брокула на пареа ќе задоволат
шест отсто од дневните потреби за калциум, осум отсто за магнезиум и 14 отсто
за калиум. Овој зеленчук е богат и со антиоксиданси кои го штитат здравјето, па
дефинитивно треба што почесто да се вклучува во менито.