Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Мечка нападнала жена од САД пред нејзината куќа: Не ѝ дозволив да ми го изеде кучето (ВИДЕО)

7 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

"Ме фрли на земја. Мислев дека ќе умрам", вели 55-годишната Ли Ен Галанте, пренесува ABC News.

Мечката ја нападнала Галанте во вторникот околу 20 часот и 30 минути додека таа го шетала своето куче пред својот дом во Батлер. 55-годишната жена се здобила со повреди на раката, лицето, вратот и главата и била пренесена во болница. Службата за диви животни пронашла мечка и три младенчиња на дрво во близина.

Женската мечка покажала агресивно однесување и била еутаназирана, а младенчињата биле пренесени на безбедно и подоцна ќе бидат пуштени во дивината. Галанте раскажа дека била надвор од нејзината куќа со своето куче кога ги видела контурите на поголемите младенчиња мечки на дрво.

Мечката почнала да оди кон кучето, по што Галанте почнала да ѝ вика: „Не сакав да и дозволам да ми го изеде кучето“. Животното потоа ја нападнало 55-годишната жена.

„Ме фрли на земја. Потоа ме фати за тилот и ме повлече толку силно што помислив дека ќе ми го тргне скалпот. Обилно крварев. Имам еден куп конци на задниот дел од главата“, рече Галанте.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ