Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо многу се грижи за својот изглед и физичка подготвеност. Освен што работи на мускулите, славниот Португалец се грижи и секогаш да е стилизиран. Некои би рекле дека дури и оди предалеку.
Сега фановите на спортистот забележаа нешто многу интересно на неговото тело кое стана пракса. Имено, Кристијано секогаш има црн лак на ноктите. Многумина се интересираа дали тоа е дел од некој нов моден тренд или е од некоја сосема друга причина.
Имено, Роналдо на Инстаграм објави фотографија после тренинг со својот 13-годишен син Кристијано Јуниор. Таткото и синот позирале во нивната луксузна домашна теретана Но објавата стана вирална токму поради тој црн лак на нозете.
Бројни корисници останаа збунети, прашувајќи се зошто фудбалерот би ставил црн лак на ноктите, но причината за тоа е неверојатна.
Излегува дека фудбалерите се неверојатно подложни на габични инфекции околу ноктите на нозете бидејќи секојдневно поминуваат часови и часови потејќи се во копачките. Роналдо ги лакира ноктите на нозете за да ги заштити од габи и бактерии. И тој не е единствениот кој редовно го прави тоа за да ги заштити ноктите на нозете.