Нејзиното семејство било домаќин на настан за локалните деца во нивниот дом во Ајова кога неисправен вентил, кој предизвикал истекување на гас, ја запалил куќата. Сè било уништено, но Данет Бурцлаф-Хаг, тогаш 10-годишно девојче, успеала да избега од пламенот, иако претрпела изгореници од трет степен на речиси 70 % од нејзиното тело. И таа и нејзиниот татко се здобиле со повреди опасни по живот, но за чудо преживеале, пишува Дејли стар.
„Имав итна трахостомија и бев приклучена на респиратор за да останам жива. Бев во центар за изгореници со месеци и влегував и излегував од болница за реконструктивни операции до мојата 20. година. Имав повеќе операции отколку што можам да избројам (околу 30), од кои повеќето беа за пресадување кожа...“, открила Данет, која иако ја преживеала експлозијата, и било тешко да продолжи со својот живот поради нејзините значајни лузни.
За време на училиште, таа морала да носи костум и маски за лице, а фактот што морала да се прилагоди на покривање на лузните ја нарушил емотивно. Таа верувала дека нема да може да го оствари својот сон - да стане кралица на убавината. Знаев дека не се вклопувам и се чувствував како никогаш да не се вклопам“. Бев безнадежна, беспомошна и уништена за време на моите тинејџерски години и потоа“, вели сега 53-годишната жена.
Сепак, не се откажала! Работела на својата ментална сила и во 2019 година се пријавила на својот прв избор за убавина, на крајот била крунисана. Така убавицата од Колорадо станала првата жена со тешки лузни што ја освоила титулата, но и една од најстарите.
„Ми требаа три години натпреварување за да ја освојам наградата Mrs. Colorado, но всушност тоа беше цел животен век намерно внатрешно исцелување и самоприфаќање што ме доведоа таму. „Морав да најдам храброст да ги прифатам моите многубројни лузни како нешто моќно, а не како нешто поврзано со срамот, што овој свет често ме научи преку зјапања, критики и огромно отфрлање“, споделила Данет.
„Кога ја добив лентата со натпис „Mrs. Colorado и кога ми ја ставија круната, тоа беше величествен момент. Не само за самоуверената, убава жена што станав, туку и за тоа мало десетгодишно девојче кое изгуби се во еден кобен момент. Бев апсолутна жртва, но не сакав да останам под таа етикета... Морав да научам да се гледам себеси повеќе од мојата повреда за да постигнам се што имам“, додала таа.
„Денес ги гледам моите лузни како божјо ремек-дело – создадено кога како дете одев низ оган. Кога ќе видите уникатно уметничко дело, мора да застанете и да зјапате во него. Восхитувајте му се и можеби дури и ќе научите нешто од него...“ продолжи Данет, денес мајка на четири деца и педијатриска медицинска сестра, како и животен тренер, која ја напишала и книгата „Beauty From Ashes: Transforming Wounds into Wisdom; Scars into Star“.