Ворен Артер (54) бил уапсен по обвинувањата за контрола над неговата сопруга Ребека, изнесени од еден нејзин роднина, како и за голем број прекршоци поврзани со дрога.
Артер, кој работел во одделението за силување, бил отпуштен поради грубо недолично однесување во мај минатата година. Ова се случило откако тој бил суспендиран на шест години со целосна плата за земање дрога и нудење да снабдува свингерски забави.
Посрамениот детектив бил пронајден мртов во својата ќелија во затворот Вандсворт претходно оваа година, помалку од една недела откако бил обвинет за недолично однесување.
Тој требало да се појави пред судот во Вулвич во јули, откако е обвинет за недолично однесување на јавна функција по наводите дека имал несоодветен контакт со жртва на криминал. Артер е уапсен и под обвинение за силување и сексуален напад на друга жена.
Сега се дознава дека неговата сопруга Ребека (47) била пронајдена мртва во хотелска соба на Барбадос целата прекриена со крв, две недели пред неговата смрт.
Нејзините пријатели тврдат дека таа претрпела болна злоупотреба од Артер, вклучително и дрогирање и силување додека била во несвест.
Тие тврдат дека Артер, кого го запознала откако пријавила семејно насилство, ги охрабрувал и другите мажи на забавите да ја силуваат.
Сан објави дека Артер дополнително е приведен под обвинение за воајеризам, испраќање злонамерни комуникации и уцени.
Ребека го запознала Артер во 2007 година кога пријавила семејно насилство во полиција, а Артер бил истражител, наредник-детектив кој работел во единицата за безбедност на заедницата. Тие почнале да излегуваат, што било дел од неговиот модел на несоодветни односи со ранливите жртви.
Шест месеци по средбата со Ребека, тој се преселил во домот во кој што таа живеела со нејзиниот син Елиот во Велинг, јужен Лондон, и се венчале во Лас Вегас во 2016 година.
Но, кога се вратиле од меден месец, го чекале антикорупционерите и бил суспендиран од должност поради сомневање дека имал секс со ранливи жртви на силување.
Пријателите рекоа дека тој ја натерал да носи откриена облека и чевли со високи потпетици.
„Таа не беше жената каква што беше кога го запозна Ворен“.
Во 2018 година, тој повторно бил уапсен под сомнение за снабдување со дрога и коруптивна злоупотреба на полициски овластувања, а на неговиот телефон биле пронајдени 3.000 пораки, многу од нив поврзани со свингерски забави.
До моментот кога полицијата го отпуштила, двојката си натрупала долгови, Ребека повторно го ставила под хипотека својот дом и продала друг имот што го поседувала.
Но, тој можел да ја побара својата пензија откако избегнал кривична постапка, која двојката ја искористила за да одлетаат за Барбадос во јуни.
Девет дена подоцна, Артур ја нашол Ребека мртва со крв по чаршафите и тепихот во луксузен хотел. Таа починала од огромно крварење во белите дробови предизвикано од вирусна инфекција, а во нејзиното тело бил пронајден и кокаин.
Извор за The Sun изјавил: „Очигледно изгледаше како сцена на убиство со крв насекаде. Истрагата за нејзината смрт ќе се одржи подоцна во Лондон.
Тие рекоа дека на полицијата ѝ било кажано дека Артер испратил видео на пријател на кое се гледа како Ребека има секс со маж додека изгледа дека е во несвест. Артер потрошил повеќе од 3.000 фунти од кредитната картичка на Ребека во Барбадос во деновите по нејзината смрт.
Тој, наводно, давал различни приказни за тоа како го нашол нејзиното тело, велејќи дека се сончаат и се вратил во собата, а потоа се разбудил два часа подоцна и ја нашол мртва. Тој исто така рече дека излегле на вечера и дека спиел 18 часа пред да ја најде мртва.
До моментот кога телото на Ребека било вратено во Британија, Артур умрел во затвор.
Се проценува дека заработил околу 400.000 фунти откако Скотланд Јард го суспендирал во 2016 година поради обвиненијата дека ја злоупотребил својата положба „за сексуални цели“.
Тој е обвинет за вознемирување на жртвите на сексуални престапи помеѓу 2006 и 2013 година, кога бил детективски наредник кој водел истражен тим за силување, кој добил награда за најдобра стапка на откривање на полицијата во 2009 година.
Полицијата пронашла фотографија од полицаецот како седи на софа пред огледало со бели линии во прав и картичка на масичката во неговата дневна соба. Втората слика покажува пластични кеси со бел прав на комплет дигитални ваги.
На тридневното сослушување за недолично однесување му беше кажано дека обесчестениот полицаец постојано купувал кокаин и МДМА помеѓу 2016 и 2018 година и редовно присуствувал на забави на кои отворено се конзумирале кокаин и крек, на што тој замижувал. На неговиот телефон и iPad биле пронајдени траги од кокаин.
Утврдено е дека тој ги прекршил полициските стандарди за професионално однесување поради однесување што го дискредитира авторитетот, почитта и учтивоста, должноста и одговорноста, чесноста и интегритетот.