Сигурно е дека некогаш ви се случило да отпатувате во странство, па пријатно да се изненадите кога ќе видите дека и таму можете да купите дел од производите што се произведуваат во вашата земја... Во таквите случаи најчесто ги споредуваме цените од нашите и „нивните“ полици, а реакцијата на еден Балканец, кој нашол пиво од својата татковина во Тенерифе, стана вирална на ТикТок.
Имено, еден млад човек од Романија отпатувал за Тенерифе, па решил на своите следбеници да им открие какви се цените таму, особено во еден романски ресторан. Сите се зачудиле кога сфатиле дека и храната и пијалаците се поевтини отколку во Романија.
„Во Тенерифе има романски ресторан со нашите производи. Пивото Ciucaş овде чини 1,80 евра, што е 9 леи. Во споредба со 25 во нашите кафулиња... Во Романија секој краде од секого. Барем цените овде се пристојни. Еве, Ciucaș - 9 леи, Тимишореана - 10, Урсус - 10. Ако сакате да пиете поевтино пиво, дојдете овде“, вели младиот човек во видеото.
Неговите сонародници веднаш реагираа и оставија бројни коментари. Некои се согласија дека не е точно оти тие пива чинат по 25 леи во рестораните во Романија. Други пишуваа дека платиле токму толку и дека рестораните во Романија станале прескапи.