На 21 Јануари во 19.00 часот, во Кинотека на Македонија, ќе се одржи промоција на книгата <b>„Гледна точка“</b> на авторот<b> Јани Бојаџи</b>, македонски режисер, продуцент и сценарист.
- Договоривме со промотерите тоа да биде забавно направено, со прашања и одговори, не толку кон мене, туку кон оние за кои раскажувам во книгата! Дали навистина сум таков во текот на работа на сет или пак можеби не сосема? Со нетрпение чекам да видам дали е така како што сум пишувал?! - вели Бојаџи во најавата за промоцијата на книгата.
Тој најавува и изненадување за сите кои ќе дојдат на промоцијата и ќе бидат дел од забавата.
- Ќе покажаме трејлер и нешто повеќе од нашиот нов проект „Утре наутро“ - најавува познатиот македонски режисер.
Тој им се заблагодарува на сите кои биле причина и инспирација да го создаде ова авторско дело од триста и кусур страници пишувани со љубов и страст кон филмот и уметноста на екранот, во безмалку три, за, како што вели, многу лути и многу слатки години, во исто време!
Книгата <b>„Гледна точка“</b> може да се купи во книжарницата <b>„Или-или“</b>.
Јани Бојаџи е познат македонски режисер, продуцент и сценарист, кој зад себе ги има следниве филмови и ТВ серии:
Тој е доктор на науки, професор по филмска и телевизиска режија на Интернационален Универзитет Europa PRIMA и од 2019 година, е директор на Телевизија Алфа.
Во 2013 година, се вработил во Канал 5, каде бил режисер, сценарист и извршен продуцент на серијалот <i>„Македонски народни приказни“</i> и играни и документарни филмови, каде работел до 2017 година.
Во март 2023 година, Бојаџи станува основач на платформата <i>„Кинемое"</i> која е наменета за македонска продукција за филмови и серии.
Тој е директор на Фестивалот <i>„Преку езерото“</i>, кој се одржува еднаш годишно во Дојран од 2023 година.
Бојаџи, има напишано повеќе од 50 колумни за весникот „Нова Македонија“, за театар и филм.