Огромното мнозинство швајцарски компании сè уште прифаќаат
плаќања во готовина, според истражувањето на Швајцарската национална банка
(SNB).
Истражувањето е спроведено меѓу 770 компании, од кои 98
отсто рекле дека сè уште прифаќаат пари во физичка форма, пренесува Ројтерс.
Компанијата во Швајцарија изјави дека клиентите сакаат да ја
задржат опцијата за плаќање во готово и сметаат дека таа опција и понатаму е
важна.
Во Швајцарија сè уште е во оптек банкнотата од 1.000 франци,
која е една од највредните банкноти во светот.
Сепак, швајцарските транспортни компании планираат во иднина
да ги намалат своите готовински приходи за да ги намалат трошоците.
Заклучоците од истражувањето се во спротивност со искуството
на земји како Шведска, каде граѓаните и компаниите се повеќе се префрлаат на
безготовинско плаќање, додава британската агенција.