Повеќе од сто компании почнаа да работат на Куба во текот на минатата година, изјави вицепремиерот на руската влада Дмитриј Чернишенко.
Рускиот вицепремиер оваа информација ја претстави на состанокот на меѓувладината руско-кубанска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, пренесе ТАСС.
„Тие 100 руски компании се од различни економски сектори, како што се тешката индустрија, енергетиката, банкарството, земјоделството, информатичката технологија и туризмот“, рече Чернишенко.
Тој посочи дека работата на руските компании во Куба ќе има позитивен ефект врз билатералната трговија во блиска иднина.
Што се однесува до Куба, земјата зависна од увоз се најде во голема економска криза, за која Хавана во голема мера ги обвинува американските санкции од времето на Трамп, насочени кон туризмот, медицинските услуги и дознаките, кои донесоа девизи, според Ројтерс.
Сè е дополнително засилено со пандемијата на ковид, зголемените трошоци за снабдување и слабите можности за реструктуирање на централизираната економија во која доминира државата.
Недостатокот на девизи за увоз на храна, лекови, гориво и други основни потреби годинава се влоши, покажуваат официјалните податоци во земјава.
Извор: Политика, Танјуг