Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Студентите во Србија ги повикаа граѓаните в недела на протести пред Уставниот суд

8 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Ние студентите во блокада ве повикуваме да се придружите на протестот во недела на 12 јануари во 16 часот пред Уставниот суд и да не поддржите. Во последните недели бевме сведоци на кршење на Уставот и затоа ние решивме симболично да се собереме пред зградата на Уставниот суд и да го изразиме нашето незадоволство“, се вели во соопштението на студентите.

„Иако можеме да избереме кој било ден за протестот, решивме да биде недела за да ни се придружите и вие работниците. Тоа што и вработените во Уставниот суд тој ден не се во зградата не ја намалува важност на нашето дејствување - Уставот важи секој ден и затоа е важно во секое време да се потсетуваме на нашите права кои со него се загарантирани“, се наведува во соопштението.

Студентите ги поканија и синдикатите да се приклучат на протестот, наведувајќи дека се оградуваат од дејствувањето на сите политички партии и организации. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ