Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Стотици граѓани на Цетиње палат свеќи во чест на нивните 12 сограѓани (ФОТО)

2 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тие вечерва им оддаваат почит на жртвите од масовното убиство во кое животот го загубија 12 лица. Пред споменикот на вилата во Цетиње од 17 часот почна палењето свеќи за трагичните жртви од вчерашниот масакр, објавија црногорските медиуми. Собирот за поддршка на семејствата на жртвите го организираа членовите на семејствата на жртвите во август 2022 година во населбата Медовина, објави Телеграф.

„Ги споделуваме нивните рани и ќе направиме се за да не биде залудна жртвата на членовите на нивните семејства, но и нашите“, се вели во мејлот испратен до Радио Цетиње.

Ацо Мартиновиќ од Цетиње вчера со огнено оружје уби 12 лица, а четворица тешко рани. Мартиновиќ починал на пат кон болница откако се обидел да се самоубие пукајќи си во главата.

По трагичниот настан, Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост, која стапи на сила денеска, а знамињата во Цетиње се на половина копје.

На 12 август 2022 година се случи трагедија во населбата Цетиње во Медовина, кога Вук Бориловиќ уби 10 лица, меѓу кои и две момчиња.

Соопштено е дека во последните две години на овој начин во Цетиње биле убиени 22 лица, меѓу кои четири деца.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ