Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Србија: Укината одлуката за одбивање да му се одреди притвор на Горан Весиќ

8 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Второстепениот суд ја прифати жалбата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и ја поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад, со која беше одбиен предлогот да се определи притвор за Горан Весиќ, а предметот е вратен на првостепениот суд за нова одлука.

Весиќ е еден од 13-те уапсени за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Студентите денеска организираа протест во Нови Сад пред обвинителството и судот, наведувајќи дека причината за тоа е последниот рок во кој судот треба да се изјасни дали поранешниот министер Весиќ ќе биде во притвор или не.

Тие носеа транспаренти на кои пишуваше Каде си Весиќ?“, „Каде се крие Весиќ“ и „Весиќ, пак одиш на диета“. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ