Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Грчки поп со децении ја злоставувал сопругата- жената водела дневник, ги измачувал и децата

7 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Жртвата (64) водела дневник на тортурата која започнала кога имала само 14 години. Свештеникот, чиј идентитет не е прецизиран, сега има 74 години, објави порталот „Прототема“.

Случајот се случил во Ханија (Крит), а свештеникот наводно ги малтретирал и сопствените деца. Случајот е пријавен до надлежните органи и обвинителството покрена истрага. Судот на свештеникот му изрече забрана за приближување. Притоа црковните власти не се огласија и тој непречено продолжи да ги извршува своите должности.

Жртвата им открила на властите дека од 14-годишна возраст трпела насилство, љубоморни сцени, силување, изливи на гнев, закани и вербална злоупотреба. Жртвата водела дневник за тортурата и сето она што го доживеала. Ова го откриле децата кои го пронашле дневникот кога нивната мајка била во болница.

Кога ја соочиле со дневникот, мајката им признала сѐ на децата и ги замолила да ѝ помогнат да покрене правна постапка против нејзиниот сопруг и нивниот татко.

Во јули, кога случајот беше изнесен пред обвинителството, ќерката го тужеше таткото за семејно насилство и навреда на сексуалното достоинство.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ