Што си посакаа за Новата 2025 година и за што предмалку разговарале српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан?
-Само што го завршив разговорот со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Си посакавме среќна нова 2025 година и се договоривме да продолжиме да градиме поблиски српско-унгарски односи. Исто така, ја потврдивме средбата за втората половина на јануари, на која очекуваме дополнително конкретизирање на договорите од различни области на општественото живеење, кои веќе ги постигнавме. Србија и Унгарија се навистина братски земји и ќе бидат такви и во иднина, објави Александар Вучиќ.