Директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ изјави дека пред масакрот во Цетиње имало и пропуст во државниот систем пред две години.
Шќепановиќ изјави дека при приведувањето на Ацо Мартиновиќ во ноември 2022 година, службеници на Управата на полицијата констатирале асоцијално однесување и го предале во Министерството за здравство и социјална работа, но дека тој не бил хоспитализиран, туку само му препишале терапија. Прецизно, покажувал знаци на ментална пореметеност за кои можеби требало да биде третиран во болница.
Полицијата добила повик за пукање во Цетиње две минути по настанот но, добиле погрешна локација, и заедно со специјалците од Подгорица на настанот дошле по околу 30 минути.
Соседите на убиецот изјавуваат дека подолг период се однесувал неовообичаено, забележливо мирно, повлечено и незаинтересирано за околината.
Мартиновиќ своето злосторство го започнал вчера нешто по 17 часот и 30 минути, во кафаната „Велестово“. Мала локална кафеана во која навраќале најчесто гости од сеседтвото. На првите фотографии се уште се гледаат траги од крв на подот во кафеаната.
На масакрот кој го извршил Ацо Мартиновиќ и претходела тепачка во кафеана со Дејан К., кој потоа бил застрелан во главата, стомакот и градите од убиецот, според информации на жителите на Цетиње од тој крај.
Така ранет, Дејан К. успеал да се фати за мобилен телефон и да се јави на сопругата која работи во болницата. Веднаш повикала полиција и брза помош. Дејан потоа починал од раните.
Мартиновиќ уби четворица роднини - Радован и Радмила Мартиновиќ и нивните синови, близнаците Милош и Марко Мартиновиќ. Во куќата на Мартиновиќ тешко е ранета и сопругата на Марко, Марија (38). Семејството е во кумовски врски со него.
Меѓу жртвите на Ацо Мартиновиќ се Радивоје Марковиќ (70), Јошо Оташевиќ (55), Бранислав Мудреша (60), Драгана Драшковиќ (53) и неговата сестра Зорица Вулетиќ со која заедно, во нејзиниот дом, претќодната ноќ ја минал прославувајќи Нова година. Работата да биде уште полоша, сите убиени биле блиски пријатели, кумови и роднини на убиецот.