Вистинска љубовна драма се одвивала во Неготин во пресрет на Нова година кога жена го полила со киселина својот љубовник (59), кој поради повредите бил примен во Универзитетскиот медицински центар Ниш, пренесуваат српските медиуми.
- На 30 декември во Универзитетскиот медицински центар Ниш бил примен маж (59) од Неготин со изгореници на карлицата, гениталиите и група мускули под 'рбетниот столб. Има повреди на двете бутини и на двете подлактици. По интервенцијата и лекарскиот третман тој сега е во стабилна здравствена состојба, свесен и комуникативен, потврдиле за српски Курир од Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
Според неготинчани, станува збор за љубовници кои претходно биле фатени во неверство. Имено, сопругот поставил камери и ја фатил жената на дело со мажот (59), а потоа ја избркал од дома.
- Нивната афера, како што се зборува, траела со години, а кога се дозна за неверството настана хаос, бидејќи и двајцата се во брак. Тоа е како љубовен четириаголник, жените тогаш се искараа меѓу себе. Пукна брука, вели неготинец за Курир и додава дека вистинска драма се случувала околу Нова година, кога вљубените повторно се сретанале, но средбата немала среќен крај.
- Таа му се јавила и повторно се сретнале. Се шпекулира дека го полила со киселина по сексуалниот однос, му ја истурила на меѓуножјето. Слушнав дека не сакала ни да признае што се случило. Но, поради повредите морале да го испратат во Ниш, додава истиот извор.
Повредениот маж (59) инаку е сместен на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија каде закрепнува.