Владата на Србија одлуката за Денот на жалост ја донесе на вчерашната седница на предлог на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Седницата почна со едноминутно молчење за жртвите од масовното убиство во Цетиње.
На 1 јануари вооружен маж застрела седум мажи, три жени, меѓу кои и сестра му, и две деца на возраст од 10 и 13 години во Цетиње, по што се застрела во главата и почина на пат кон болница. Четворицата тешко ранети се во болница. /МИА