Осомничениот за злосторот во Цетиње, Ацо Мартиновиќ, починал од повреди здобиени во обид за самоубиство, неофицијално дознава „<a href="https://www.vijesti.me/vijesti/crna-hronika/739344/aco-martinovic-preminuo">Вијести“</a> од повеќе извори.
Министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ изјави дека Мартиновиќ починал за време на транспортот до Клиничкиот Центар Црна Гора.
Според истите информации, тешко ранетиот Мартиновиќ бил пронајден во близина на неговата куќа во населбата Хумци.
Мартиновиќ злосторството го започнал во таверната „Велестово“, во близина на Спортскиот центар на влезот во Цетиње, каде убил четири лица, а потоа на три други локации во градот убил уште најмалку седум лица, меѓу кои три жени и две момчиња - двајца браќа од 10 и 13 години.
Фото: МВР на ЦГ