„Еднаш ми рече да молчам и не го примив тоа добро“, рекла најпознатата баба „ТикТок“ објаснувајќи зошто раскинала со своето момче на 94 години.
Најпопуларната баба на ТикТок Лилиан Дрониак пред неколку дена ги откри причините поради кои едноставно морала да раскине со последниот партнер.
По нејзината порака, во која изјавила дека е повторно „слободна“, Лилијан објавила и листа на причини кои ја натерале да го остави своето момче. Нејзиното видео повторно стана вирално, а многумина коментираа дека се согласуваат со неа и дека таа е пример за новите генерации.
Меѓу причините кои ги навела се неговите лоши навики за возење и исхрана, додека 94-годишната баба истакнала дека никогаш не би прифатила да ѝ кажат да молчи за врската.
Набројувајќи ги причините, таа рече: „Еднаш ми рече да молчам, а јас не го примив тоа добро. Никој нема да ми вели да ќутам! Тоа не е пристојно и никој никогаш не треба да го толерира“.
Подоцна Дронијак додаде дека „за малку ќе ја убиел“ со своето лошо возење, посочувајќи дека нејзиното поранешно момче не ја слуша музиката што ѝ се допаѓа и не знае која е Тејлор Свифт. Тој бил многу близок и со бившата, што бабата Лилијан не го прифатила, бидејќи како што неколку пати споменала, сите бивши биле блокирани од неа.
И покрај раскинувањето, баба Дронијак рече дека не се кае и дека „животот е подобар кога си сам“, но таа е повторно отворена за љубов.
Преку своите смешни видеа, таа доби над 14 милиони следбеници на TikTok и тројно ги зголеми своите следбеници во изминатите две години, продолжувајќи да инспирира со нејзините љубовни и животни совети.
94-годишната жена често објавува смешни видеа, но нејзината слава вртоглаво порасна кога постави клип на кој таа избира облека за нејзиниот погреб. Баба Дронијак сè уште не сака да умре, но мора да биде подготвена, а на своите онлајн пријатели им ја покажува облеката што ја одбрала и во која би сакала да биде погребана. Видеото собра милиони прегледи и оттогаш се што објавува стана вирално.