Милка Милисављевиќ од Гроцка работела како дадилка во куќата на Доналд Трамп, осум години ги чувала неговите деца, синовите Ерик и Доналд Џуниор Трамп, за по неколку години да се врати во Србија. Последната деценија и пол од животот ја поминала во Гроцка, а еве што велела за поранешниот американски претседател и неговото семејство.
Поранешната дадилка на Доналд Трамп зборувалае за српските медиуми во 2017 година, откако тој победи на изборите во САД и стигна до Белата куќа.
- Бев сто проценти сигурна дека ќе победи, иако слушнав гласини од неговиот противник, но сто проценти бев сигурна дека ќе победи, знаев“, изјавила оваа Србинка тогаш.
Таа особено ги издвоила „карактерот на Трамп, хуманоста и добрината“. Осумте години поминати во домот на Трамп останале во нејзиното најдраго сеќавање. „Тој ја сака Србија, тие многу ја сакаат Србија“, рекла Милка.
„Доналд секогаш велеше дека европските народи се добри, но поради мене секому му велеше дека сите Срби се добри“, рекла.
Има и еден интересен податок дека на Милка гордо и велел - „Мојата дадилка е Србинка.“ Рекла и дека платата била добра, а често добивала подароци.“
Открила и дека знаела да запее во куќата на Трампови, а нему многу му се допаднала песната „Америка, Америка“ во изведба на Мирослав Илиќ.
Милка работела во куќата на Трампови додека поранешниот американски претседател бил во брак со Ивана Трамп, со која ги добија синовите и ќерката Иванка. Дадилката од Гроцка напоменала дека Ивана е добра, но дека малку се „задевале“ бидејќи биле многу блиски. Се решавале со чаша пијалак или кафе.
Ивана Трамп ја нарекувала Милкиќ. Милка однела прекрасни спомени од куќата на Трампови, починала на 85 години во КБЦ „Ѕвездара“, двајцата нејзини синови и нивните семејства живеат во Америка.
Милка во едно интервју открила дека сармата е омиленото српско јадење на Трамп, како и дека се трудел да ги научи децата на почит, додека ги оставал да прават се останато.