Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Доделени сертификати и компјутери на штитениците на детскиот дом „11 Октомври“

16 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Обуката под наслов „Користење компјутери за безбедно учење на далечина“ ја посетуваа 27 штитеници на детскиот дом. Овие млади луѓе, покрај стекнатите знаења и вештини за безбедно користење компјутери за учење на далечина, добија и по еден компјутер или лаптоп коиво иднина ќе им служат за натамошно учење и подготовка за самостоен живот.

По завршување на обуката, учесниците ќе продолжат со едногодишно изучување на англискиот јазик, кое ќе се одвива на далечина под водство на искусни наставници. Овој проект се реализира со поддршка на Sparkasse и амбасадорите на фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ.

Компјутерите и лаптоповите кои ги добија децата се обезбедени како донација од неколку компании и физички лица за што изразуваме голема благодарност.

„Пресреќни сме што постојат луѓе како Александар кои искрено се грижат за децата без родители и го прават на дело она што зборуваат. Денес нашите штитенци добија многу повеќе од компјутери– тие добија одлична шанса за подобра иднина!“ – изјави по завршување на настанот Розетка Влаховиќ, в.д. директор на детскиот дом „11 Октомври“.

„Денешниот настан е доказ дека меѓу нас постојат голем број хумани луѓе и организации кои помогнаа една идеја да претвориме во реалност. Со нивна помош ја започнуваме трансформацијата на Македонија во пристојно место за живеење, почнувајќи од децата без родители на кои ќе им обезбедуваме компјутери, обуки и ментори“, изјави Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ