Рокенрол легендата Бора Ѓорѓевиќ почина на 4 септември, оставајќи ги зад себе сопругата Дубравка, синот Борис и поќерката Тамара, како и многу безвременски хитови кои ќе живеат уште многу години.
Рокерот имаше низа хитови со неговата група „Рибља чорба“, а еден од нив беше и „Лутка са насловне стране“. Оваа песна е објавена во 1982 година.
Тогаш во спотот се појавила Мери Цакиќ, која сега се присетила на соработката со популарната рок група.
„Додека сум жива, никогаш нема да ги заборавам моментите од снимањето и она што тогаш ми се случуваше во приватниот живот, го изгубив станот, бев потстанар. Никој од „Рибља чорба“, ни Бора не знаеше за моите проблеми“, вели Мери денес и открива како дошло до соработката со рокерите.
„Се сретнавме во Шуматовац, таму беше центарот на настаните. Ме интересираше сè, сакав да ги запознаам овие луѓе и знаев каде да ги најдам“, вели таа.
Инаку, многумина токму Мери ја сметаат за првата српска старлета. Таа важела за девојка која отсекогаш сакала да се шминка и средува, а таква е и денес.
За неа своевремено се пишувало дека всушност во нејзиното тело се кријат повеќе личности, наводно една во Италија снимала жешки филмови, а се претставувала како сериозна актерка, а друга гола свирела виолина пред насобраното друштво...