Актерот Џејмс Ерл Џонс почина на 94-годишна возраст,
објавија американските и светските медиуми. Тажната вест ја потврдија од
Здружението на независни уметници.
Ќе го паметиме по бројни улоги, а најпознат е по тоа што го
позајми гласот за еден од најпознатите филмски негативци – Дарт Вејдер.
Покрај улогата на Дарт Вејдер во „Војна на ѕвездите“,
глумеше и во други значајни остварувања како што се „Д-р Стрејнџелав“,
„Истерувач на ѓаволот 2: Еретик“, „Принц ја открива Америка“, „Лов на црвениот
Октомври“, „Гол пиштол 3“, „Патриотски игри“, а исто така, го позајми гласот на
Муфаса во цртаниот филм „Кралот лав“, „Страшен филм 4“ и други.