Досега се регистирани најмалку 16 загинати лица, од кои најголем дел се од областа Сент Луис, која беше погодена од серија торнада.
Во текот на ноќта, околу 500 луѓе заробени во станбен комплекс во Клирвотер, на околу 30 километри западно од Тампа, беа спасени од поплавата. Водата почнала да навлегува во текот на ноќта од средата кон четвртокот, но поради ураганот службите за итни случаи не можеле веднаш да одговорат на повиците на жителите за помош. Според медиумите, од 180 станови биле спасени 450 возрасни и 115 деца и тинејџери. Ураганот Милтон се смета за петти најсилен ураган што минал на Атлантикот.