Милијардерот Илон Маск се обрати синоќа на митингот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, изразувајќи подршка за поранешниот претседател. Митингот се одржа во Батлер, Пенсилванија, на истото место каде во јули имаше обид за атентат врз Трамп.
Трамп го преживеа атентатот, што го поттикна Маск неколку минути подоцна да објави дека ја дава својат подршка зе него.
Носејќи темна капа со натпис „Да ја направиме Америка повторно голема“ и нарекувајќи се „Темниот МАГА,“ Маск ја повтори мантрата на Трамп „Борба, борба, борба“ и ги повика присутните да се регистрираат за гласање.
-Не постои поголем тест од тоа да се биде храбар под оган, рече Маск, кој помогна во креацијата политички комитет за акција кој вложува милиони за поддршка на Трамп на изборите.
– Другата страна сака да ви го одземе правото на слободен говор, сакаат да ви го одземат правото на носење оружје, сакаат да ви го одземат правото на ефикасно гласање, рече Маск, што според демократите се неосновани тврдења што ги промовирал на социјалните мрежи.
Маск недвосмислено укажа дека претседателот Трамп мора да победи за да се зачува Уставот. Тој мора да победи за да ја зачува демократијата во Америка.
Веднаш по обраќањето тој објави соопштение на Х.
– Ова се најважните избори во вашиот живот. И остануваат само два дена да се регистрирате да гласате во Аризона и Џорџија. Осигурајте се дека секој што ги знаете и кои го среќавате да се регистрираат да гласаат. Судбината на нашата земја е ставена на коцка, порача Маск.
Маск е сопственикот на X, социјална мрежа претходно позната како Твитер, и кога ја купи вети дека ќе ја врати слободата на говор на сајтот, но на платформата сè повеќе изразува крајно десничарски ставови и ги насочува корисниците кон своја страна.