Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Антитерористичката полиција во Велика Британија е во состојба на готовност поради џихадистите

19 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Британската полиција за борба против тероризмот е ставена во состојба на висока готовност поради потенцијални напади на британските џихадисти и приврзаниците на ИД кои се враќаат во земјата од Сирија, јави Скај њуз.

Во исто време, британската гранична полиција е исто така во состојба на готовност за џихадистите кои се ослободени од сириските затвори и кои може да се обидат да се вратат во Британија.

Националната координаторка за борба против тероризмот Вики Еванс рече дека моменталната закана од тероризмот е на високо ниво и дека, покрај нападите на исламските екстремисти, постои и ризик од напади од поединци кои не се водат од одредена идеологија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ