Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Едно лице загина, 23 се спасени во инцидент во рудник во Колорадо

11 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Лифтот се спуштал во рудникот „Моли Кетлин“, популарен меѓу туристите, и на длабочина од околу 150 метри почнале механички дефекти. Во моментот во него се наоѓале 12 лица, кои биле во „сериозна опасност“, едно од нив не преживеало, според шерифот на округот Телер, Џејсон Мајксел. Останатите десетина туристи останале заробени и чекале на дното на рудникот да бидат спасени.

Лифтот сепак пристигнал до дното на рудникот на длабочина од околу 305 метри, но присутните туристи останале заробени, но имале пристап до вода и квалитетот на воздухот бил добар. Тие биле во контакт со властите преку радија, додека чекале спасители, изјави Мајксел.

Според Мајксел, властите сè уште не знаат што го предизвикало дефектот и започнале истрага. Спасувачите биле подготвени да ги евакуираат луѓето со помош на јажиња, доколку лифтот не можел да се поправи.

Според Мајксел, претходен инцидент со лифт се случил во 1980-тите, кога двајца луѓе останале заглавени. Тогаш немало жртви.

Рудникот бил отворен во 19 век и затворен во 1961 година, но подоцна станал туристичка атракција. Веб-страницата нуди едночасовна тура при што посетителите се спуштаат на длабочина од 304 метри и можат да ги видат златните жили во карпите, но и да се повозат со подземен воз.

Рудникот бил именуван по Моли Кетлин Гортнер, која го открила местото во 1891 година, кога видела кварц со вметнато злато, стои на веб-страницата на компанијата. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ