Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Дојдовме до крајот на она што мислевме дека е безбедна зона за човештвото, тврдат научниците

13 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Но, што е уште полошо, тоа беше и првата година во која просечната глобална температура беше повеќе од 1,5 степени Целзиусови над прединдустрискиот просек, што е прагот поставен со Парискиот договор за климатски промени што не смееме да го надминеме.

Сепак, многу луѓе не разбираат што значи тоа и зошто е важен овој праг, ниту колку е важно што ја поминавме таа граница многу побрзо од очекуваното.

Помина само една година, но истражувачите велат дека тоа е јасен показател дека светот навлегува на опасна територија, пишува Nature.

- Ова е и физичка реалност и симболичен шок. „Дојдовме до крајот на она што мислевме дека е безбедна зона за човештвото“, рече Гејл Вајтман, научник за климатски ризик од Универзитетот во Ексетер.

Податоците за преминување на границата ги објавија истовремено неколку меѓународни организации кои ги следат глобалните температури. Иако сите имаат малку различни бројки, податоците покажуваат дека годината зад нас била најмалку 1,55 степени потопла од просекот за периодот од 1850 до 1900 година. Ова се смета за прединдустриска ера не затоа што сè уште немало индустрија, туку бидејќи сè уште не сме почнале да ослободуваме огромни количини на стакленички гасови во атмосферата.

Климатолозите сè уште испитуваат дали овој огромен скок на температурите во 2023 и 2024 година, кога беа поставени и срушени рекорди, е само случајна или значајна промена што укажува на забрзување на глобалното затоплување.

Научниците велат дека овој праг не е магичен, туку само политичка цел од Парискиот договор. Тоа не значи дека светот е безбеден под него, ниту дека сè ќе се распадне над него.

„Тоа е спектар и секое затоплување е важно“, изјави за Nature Кетрин Хејхо, научник од Американската група за заштита на природата.

- Овој температурен скок над поставената граница треба да биде аларм за политичките лидери. Бидејќи ако овој скок не е случаен, туку планетата забрзано се загрева, можеби ќе треба уште побрзо да ги намалиме емисиите на стакленички гасови - вели Карлос Нобре, климатолог од Универзитетот во Сао Паоло.

Без оглед на одговорот, долгорочниот ризик од топење на мразот и промена на екосистемите се зголемува и ќе се зголеми само ако не престанеме да ја загадуваме планетата.

- Последиците веќе ги чувствуваме. И сè само ќе се влошува“, рече Вајтман.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ