<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Обвинителството
треба веднаш да го повика тој кој нарачувал обрасци за лични документи со
старото уставно име вп 2019 година, смета пензионираниот професор по
административно право, Борче Давитковски.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Според мене,
јавниот обвинител уште денеска треба да го повика оној кој што во 2019 година
нарачувал стари обрасци кои што беа во употреба до 2021 година. И сега на крај,
тогаш кога се велеше дека ќе продолжат да важат, а се знаеше дека нема да
важат, бидејќи тоа е меѓународен договор, тој треба да биде повикан од јавниот
обвинител и да даде отчет, бидејќи на овој начин се кршат многу на граѓаните. И
тоа уставно загарантирани права“, изјави Давитковски во изјава за Телма.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Граѓаните и по
промената на името, добиваа документи со старото уставно име, а тоа е една од
причините поради кој се создаде хаос при издавањето на документи бидејќи рокот
истекува денес. Поради тоа многу граѓани не успеаја да ги променат личните
документи, имаше огромен хаос на пунктовите, граѓаните се изложени на дополнителни
трошоци, а капак на се оние кои немаат пасош со „Северна“ од утре не може да патуваа,
а тие кои се надовр мора да платат за патен лист за да се вратат назад.</span>