Ние го поддржуваме проширувањето за Западен Балкан во ЕУ,
тоа е геополитичка тема, но треба да се почитуваат условите за прием во
Република Бугарија го поддржува проширувањето на Европската
Унија со државите од Западниот Балкан, изјави бугарскиот технички премиер
Димитар Главчев од Брисел, каде што присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан,
пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ).
Овој одговор Главчев го даде прашан за тоа што разговарал на
состанокот со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Не разговаравме нешто посебно, ме праша каков е ставот на Р
Бугарија за проширувањето за Западен Балкан. Посочив дека ние го поддржуваме,
дека тоа е геополитичка тема, но оти треба да се почитуваат условите за прием
во Унијата“, рече тој.
Зборувајќи конкретно за Македонија, посочи дека постои
компромис потпишан уште во 2022 година, како и дека позицијата на Бугарија по
ова прашање е непроменета.
„Конкретно за Северна Македонија, знаете… Имаме еден
компромис, т.н компромис од 2022 година, компромис преземен од наша страна и
тоа е веќе европски документ потпишан од сите земји-членки плус и од Бугарија
како членка, плус Република Северна Македонија и нема веќе за што да