Венко Филипче и
СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни
листови каде има разлика во недвижниот имот. ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските
надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на
анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да
се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со
друг, изјави Марија Митева портпарол и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче
како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2
изградена во 2017 година како и стан од 130 м2
стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот
пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2
стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.
Пратеникот Венко
Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје
стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а
според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во
Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој исто така не го пријавил додека
бил министер; Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор
за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист
додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за
купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер.
Очигледно е дека
во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го
пријавил, а морал истото да го стори. Зошто не е пријавен тоа треба самиот
Филипче да одговори, а институциите да истражат. Очекуваме брза и транспарентна
постапка, рече Митева.