Халк банка ќе ја издаде 21-та емисија на хартии од вредност, со што ќе го зголеми почетниот капитал. Ќе се емитуваат 123 илјади обични акции со вкупна вредност од 1 милијарда и 230 милион и денари. Или над 20 милиони евра.
Номиналната и продажната вредност е 10 илјади денари по акција. Одобрение за оваа емисија, која се издава по пат на приватна понуда, Банката доби со решението од Комисијата за хартии од вредност.
„Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач – институционалниот инвеститор Халк Банка А.Ш. Турција. Банката издава нови акции заради зголемување на капиталот и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период“, се вели во објавата на Комисијата.