За две недели
работа на Октоберфест во Минхен, келнерите и келнерките заработуваат од 5.500
до 10.000 евра нето, а понекогаш и значително повеќе. Од друга страна, за тие
две недели шаторите остваруваат промет до осум и девет милиони евра.
Како што пишуваат
германските медиуми, за да можат воопшто да работат на Октоберфест, келнерите и
келнерките мора да им платат на домаќините 1.500 евра однапред за храна и
пијалоци како и за чистење на садовите што ги користат или евентуално ги кршат.
За сместување треба да одвојат до 2.500 евра.
Ева работела како
келнерка на Октоберфест и преку ТикТок открила дека најскапото сместување е
2.500 евра, во собата каде што спиела имало само душеци, а во собата спиеле пет
лица.
Таа нагласува
дека келнерките и келнерите на Октоберфест не добиваат фиксен час, туку
добиваат дел од продажбата.
Според
информациите на порталот ТЗ, домаќините на големите шатори на Октоберфест за
две недели остваруваат до осум и девет милиони евра промет. Од тоа им останале
околу милион евра добивка. И помалите шатори имаат продажба од милион до два
милиони евра.
Минатата година
Октоберфест му донесе на градот околу 1,49 милијарди евра.