Актерот Сергеј
Трифуновиќ ја нападна Србија поради приведувањето на пејачката Северина
Вучковиќ, сега на истиот граничен премин е приведен од хрватската полиција.
Поточно,
Трифуновиќ е уапсен на граничниот премин Бајаково, додека преминувал од Србија
кон Хрватска.
Медиумите
потсетуваат дека Трифуновиќ пред една година бил казнет откако бил пријавен од
граѓаните на сплитската плажа Каштелет, бидејќи без надзор го чувал своето куче
Милет, што, како што се наведува, ги вознемирило присутните.
Како што
пренесуваат медиумите, познатиот српски актер очигледно не го вратил долгот кон
хрватската држава за своето однесување откако бил приведен поради своето куче
на 8 септември минатата година во Сплит. Потоа бил пријавен од граѓаните
бидејќи на плажата Каштелет го чувал своето куче без надзор, што ги вознемирило
присутните.
Сплитско-Далматинската
полиција на својата веб-страница објави официјално соопштение во кое наведе
дека на актерот Сергеј Трифуновиќ му е забранет влез во Хрватска, во сите земји
на ЕУ и во три земји од ЕФТА на една година.