Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Брнабиќ утре ќе поднесе 100 потписи од пратениците за референдум за доверба на Вучиќ

14 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ утре ќе поднесе 100 потписи од пратениците од владејачкото мнозинство за одржување советодавен референдум за доверба на претседателот Александар Вучиќ, jaвија српскикте медиуми. Брнабиќ по тој повод утре ќе одржи прес-конференција. 

Вучиќ побара од опозицијата да побара советодавен референдум за претседателот, за да се утврди поддршката што ја има кај граѓаните.

Вучиќ во објава на Инстаграм наведе дека ЦРТА (Центарот за истражување, транспарентност и одговорност) објави дека огромно мнозинство граѓани се за негова смена.

„Нема покредибилен извор, ниту за меѓународната заедница, ниту за политичките партии во Србија, од таа невладина организација. Се борев за народот и народот е мојата сила. Доколку се точни овие наводи на ЦРТА, невозможно е да останам на функцијата претседател на Србија и затоа опозициските партии треба да поднесат само 67 потписи, а имаат над 80, за одржување советодавен референдум за претседателот на Србија“, се наведува на Инстаграм профилот на Вучиќ. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ