Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата

27 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Таа самата ја соопшти веста додека зборуваше во Собранието, откривајќи дека причината за оваа оставка е поврзана со нејзината здравствена состојба.

- Почитувани колеги од парламентарното мнозинство и почитувани колеги од парламентарната опозиција. Овде денеска завршува мојот 3-годишен ангажман на чело на Собранието. Поради мојата  здравствена состојба, не можам да ја извршувам високата должност на вториот државен функционер на државата, со потребната посветеност што ја повлекува оваа должност, рече Никола од собраниската говорница.

Секојдневно, додаде, се трудев да дадам се од себе за да се обезбеди непречено одвивање на работата во оваа сала. 

- Ако некому сум оставила поинаков впечаток, го уверувам дека тоа не ми била намерата. Ако сум згрешила, не сакајќи, се извинувам. Кон сите го имам убавото чувство на почит што сите ми ја упатувате. Ви благодарам на сите, посочи таа.

Линдита Никола(59)  е позната универзитетска професорка. Пред да биде избрана за парламентарец таа беше министерка за образование.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ