Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Срби запираат автомобили со косовски таблички, Косово затвори два гранични премини (ВИДЕО)

7 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Приштина денеска објави дека затворила два гранични премини со Србија, откако демонстранти на српска територија делумно ги блокирале патиштата и ги враќале патниците со косовски документи во знак на протест против последните тензии на северот на Косово.

Група демонстранти се собрале во Србија, на неколку километри од границата со Косово и во близина на најмалку три гранични премини, и проверуваа дали возачите поседуваат косовски документи.

„Маскирани демонстранти внатре на територијата на Србија селективно и на фашистички начин ги запираат патниците кои транзитираат во Србија“, изјави косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свецла и најави затворање на граничните премини Мердаре и Берњак.

Уште четири премини меѓу двете земји се уште се отворени. На северот на Косово живеат околу 50.000 Срби кои, како и Србија, не ја признаваат независноста на Косово и сметаат дека Белград е главен град.

Косово, кое прогласи независност во 2008 година, досега го признаа повеќе од 100 земји. Белград редовно ја обвинува централната косовска влада за кршење на правата на етничките Срби, објави хрватски Индекс.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ