Командантот на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ денеска во Тирана се сретна со политичкото и военото раководство на Албанија, вклучително и министерот за одбрана Пиро Венгу и командантот на одбранбените сили, генерал-мајор Арбен Кинѓи.
Според медиумите, разменети биле мислења за повеќе прашања, меѓу кои "ситуацијата на Косово, регионалната стабилност, како и улогата на КФОР".
Во таа прилика, Улуташ го поздравил долгорочниот и вредниот придонес на Албанија во активностите на таа мисија. /МИА