Наставничката (62) повредена денеска во напад во основно училиште во Загреб е оперирана во Клиничката болница „Свети Дух“ поради повреди опасни по живот, додека здравствената состојба на напаѓачот е стабилна.
„Жената сеуште е во операционата сала со тешки повреди опасни по живот“, изјави за ХРТ Жарко Рашиќ, шеф на хируршката клиника во КБ Свети Дух.
Тој рече дека нејзината состојба во моментов е стабилизирана и не е во животна опасност, но евентуално може да се очекуваат компликации при понатамошното лекување, по операцијата.
„Машкото лице (напаѓачот) е во стабилна состојба и е сместено на одделението за интензивна нега“, изјави д-р Рашиќ.
Тој додаде дека и кај двајцата следува подолг период на опоравување, особено кај женската личност.
Хрватската Влада ја прогласи саботата, 21 декември за Ден на жалост во целата земја, по трагичниот напад што се случи изутрината во основното училиште Пречко, во кој загина седумгодишно дете, а двајца возрасни, еден од кој бил напаѓачот и две деца повредени од остар предмет.