Заврши седницата на Собранието на Србија на која се расправаше за Предлогот за изменување и дополнување на Законот за рударско-геолошки истражувања со кој опозицијата во Србија бараше да се забрани експлоатација на литиум и бор.
Против прелогот на опозицијата ласаа 128 пратеницив, гза за ласаа 84 пратеници, со што предлогот беше одбиен. Седницата ја одбележаа жестоки дискусии меѓу претставниците на владејачкото мнозинство и опозицијата од што можеше да се погоди каков ќе биде исходот од гласањето на предлог-законот поднесен од опозицијата.
Инцидентот се случил уште пред самото гласање.
Претставниците на опозицијата кренаа хартии со натпис „Нема да копате“, а со еден таков натпис претставникот Александар Јовановиќ Ќута од Еколошкото востание дојде пред Ана Брнабиќ, поранешната премиерка на Вучиќ која сега е претседател на Собранието.
Брнабиќ во еден момент стана нервозна и ја искина хартијата со натписот „мртво тело, брате“, а иако не слуша баш добро, од усните се чита дека потоа промрморе „Марш бре, у пичку материну“.