Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Зарем е можно: Србија и Албанија заеднички ќе го организираат ЕП 2027 за селекции до 21 година!

26 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Иако сеуште не е официјално, но се чини многу веројатно. А тоа е дека Србија и Албанија заеднички ќе го организираат ЕП 2027 за селекции до 21 година. И покрај противењето на јавноста во двете земји, раководствата на ФС на Србија и Албанија поднесоа заедничка кандидатура до УЕФА. Во “игра“ за домаќини беа Белгија и Турција, но тие се откажале, па така сега остана само кандидатурата на двете балкански земји.

Ова е нешто вообичаено за Европа, но не за овие наши простори. Секако дека ова е потег на двете земји кој треба да се поздрави.

Инаку УЕФА на 16 декември Извршниот комитет на УЕФА само треба да го формализира тоа што е веќе јасно, а тоа е дека Србија и Албанија ќе бидат заеднички домаќини на ЕП 2027 за селекции до 21 година.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ