Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Гвардиола: Сезоната за Родри е готова, ќе се врати за следната!

27 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Она што се најавуваше сега е и официјално. А тоа потврди и самиот Пеп Гвардиола. Сезоната за Родри, клучниот играч на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Шпанија, е готова.

Да, сезоната за Родри е готова. Тој ќе се врати за следната. Врз него денеска извршена е успешна операција и сега следува долга рехабилитација“ посочи менаџерот на Сити.

Инаку Родри се здоби со руптура на предниот вкрстен лигамент на деносото колено на дербито со Арсенал.

Сега Пеп е во проблеми, како без својот клучен и секако најдобар фудбалер. Ќе мора да експериментира со составот, а секако дека товарот ќе падне врз Илкај Гундоган, Матео Ковачиќ и Рико Луис, ова се играчите за врска во Сити кои сега ќе мораат да го надополнат отсуството на фантастичниот Родри.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ